Браун продолжува да ги истражува Индикар можностите

111

Зек Браун, првиот човек на Мекларен ќе присуствува на Индикар трката во Детроите претстојниов викенд како истражување на можностите за евентуално вклучување на екипата од Вокинг во таа американска тркачка серија.

Поранешниот Индикар возач, а сегашен Консултант на Мекларен, Жил де Феран, имал средби со потенцијани партнери минатиот месец, за време на одржувањето на легендарната Индианаполис 500.

Жил и јас и неколку луѓе од Мекларен ќе имаме состаноци во Детроит. Нема да се донесат никакви одлуки и нема да се обврзуваме на ништо – изјави Браун за списанието RACER.

Мекларен спроведува темелна анализа пред да се реши за влез во Индикар, а шпекулациите велат дека Андрети Аутоспорт е најсериозниот партнер за нив, екипа со која заедно се тркаа во 2017 година кога на Индијанаполис возеше Фернандо Алонсо.

Но, RACER пренесува дека и Рахал Летерман Ланиган Рејсинг исто така се сериозни околу соработка иако и самиот Боби Рехал смета дека Андрети се најлогичен избор за Мекларен.

Во врска со Мекларен, Зек е мој пријател и тие побараа од нас да ја поддржиме нивната Индикар програма лани. Не знаевме кој ќе вози, но немавме доволно опрема и луѓе и поради тоа моравме да обиеме.

Подоцна дознавме дека Мекларен ќе возат со Алонсо и ќе беше прекрасно да можевме да ги поддржиме, но тоа е.

Тоа беше тогаш, а ситуацијата во моментов е поинаква. Дали би сакале да работиме со Мекларен? Кој не би сакал, но мислам дека со оглед на искуството кое го имаат со Андрети, изборот е очигледен – објасни Боби Рехал.


Браун продолжува да ги истражува Индикар можностите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>