Браун не сака јавни преговори со Силверстон

75

Формула 1 се надева на продолжување на договорот на Британското Гранд При и Силверстон по 2019 година, но преговорите мора да бидат тајни, инсистира извршниот директор на Ф1, Рос Браун.

Настанот викендов беше неверојатен успех со повеќе од 140,000 фанови на трибините, според информации од Ројтерс. Првичниот договор со Силверстон, кој што го предводеше поранешниот супремо Берни Еклстон, е со важност до 2026 година.

Но поради зголемените трошоци поврзани со зголемување од 5 проценти колку што Силверстон наплаќа од БРДЦ (British Racing Drivers Club), сопствениците на патеката минатата година одлучија да ја искористат клаузата за прекин на договорот.

Сигурен сум дека ќе најдеме решение за Силверстон бидејќи не смее да ја оставиме ситуацијата како што е сега. Фрустрација постои бидејќи преговорите се одвиваат во јавноста.

Секоја патека со која преговараме, тоа го вршиме позади затворени врати и склучуваме договор, но од некоја причина Силверстон избра се да изнесува во јавноста, што создава проблеми. Но ќе најдеме решение – истакна Браун.


Браун не сака јавни преговори со Силверстон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>