Браун: На Ф1 и требаат возачи како Алонсо

155

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, го пофали Фернандо за неговата решителност велејќи дека на тркачката серија и требаат повеќе такви возачи. Шпанецот сезонава се трка и во ВЕЦ серијата на издржливост паралелно со неговите Формула 1 обврски, а стигна и до историска победа на легендарната 24 часа Ле Ман.

Рос ја пофали посветеноста на Нандо со оглед на тоа што сезонава ќе има 29 тркачки викенди, плус тестирање така што време за одмор речиси и да нема.

Додека сите во спортот се борат со првите три врзани трки во историјата со голема решителност и посветеност, за еден возач, целиот период е уште понапорен. Трката во Австрија беше 4ти последователен тркачки викенд за алонсо, но кај него нема знаци на слабост затоа што повторно се бореше до последниот круг возејќи фантастична трка до поени.

Почна од боксот поради проментие на неговито болид во парк ферме, доби ново предно крило кое беше ланска верзија поради недостаток на делови во тимот, но двократниот првак не го загуби срцето и успеа неконкурентен болид да донесе до 8мо место – смета Алонсо.

Тој се сложува дека доколку поради неконкурентноста на Мекларен, Алонсо се одлучи следната година да е префрли во ИндиКар, Формула 1 ќе загуби многу.

Во Канада Фернандо ја имаше својата 300та Гранд При трка непосредно пред да победи на 24 часа Ле Ман следниот викенд за Тојота во неговот деби на таа трка.

Кој знае, можеби реално ќе се докаже надвор од Формула 1, но навистина се надевам дека тоа нема да се случи. Сеуште е пеколно брз во Формула 1, а на тркачката серија и трееба неговиотталент и харизма – смета Браун.


Браун: На Ф1 и требаат возачи како Алонсо

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>