Браун: Години се потребни за успешен Мекларен

108

Зек Браун ги затиши очекувањата за успех на Мекларен во блиска иднина. Тимот се движи по надолна линија од 2013 година до сега, а нивното последно посрамотување е признанието дека агрегатот на Рено нема да им овозможи шампионска титула, откако исплатија милиони за да го прекинат договорот со Хонда.

Пред Британското Гранд При беше соопштено дека Ерик Булие ќе се повлече од позицијата на Спортски Директор, а исто така дека ќе започне и реструктуирање на менаџерскиот тим, со Жил де Феран поставен во улогата на французинот.

Браун ги предупреди медиумите дека тоа нема брзо решение за ситуацијата во тимот.

Ќе биде потребно време за да се поправи ситуацијата во тимот.

Ќе ни бидат потребни години. Не знам дали ќе бидат 2 или 10 години, или нешто помеѓу тоа. Најверојатно нешто во средина, но не сакам да прогнозирам. Мора да бидеме многу реални со себе си, со нашите фанови, со вас, ова ќе биде патешествие.

Мислам дека сите треба да го прифатат тоа. Мислам дека имавме добар финиш во последната трка споредено со тоа од каде стартувавме, но не бевме конкурентни.

Не се променија многу работи од последната трка, така што мислам дека сите не треба да имаат преголеми очекувања – изјави Браун.

Мекларен се надеваат на повеќе позитивен викенд, земајќи во предвид дека Хаас ги претекна во пласманот по трката во Австрија, а двојниот финиш на американците го помести тимот од Вокинг на шесто место.


Браун: Години се потребни за успешен Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>