Брандл: Алонсо ќе замине

437

Мартин Брандл верува дека Фернандо Алонсо ќе ја напушти Формула 1 на крајот на оваа сезона откако британецот имаше долго интервју со возачот на Мекларен. Коментаторот на Sky Sports смета дека ставот и страста на Нандо за Монако не е на исто ниво како порано.

Во Монако имав долго интевју со Фернандо пред трката и навистина ми даде впечаток дека нема да биде на гридот следната година – објасни Брандл.

Фернандо и лошиот мотор на Хонда имаа очајни четири години во спортот, но овогодинешниот пакет е поиаков, така што се до Монте Карло, шпанецот завршуваше во поени на секоја трка.

Она што му се случи на трката во Монако само му помогна да остане на тоа што мислам дека ќе го одлучи.

По трката ја критикуваше патеката и даде комплименти за Инди 500. Никогаш не може да бидете сигурни што Алонсо знае, дали ќе замине и дали ќе се врати потоа.

Тоа што јас го мислам е дека мотивацијата и енергијата на Фернандо за Формула 1 наскоро ќе исчезне.


Брандл: Алонсо ќе замине

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>