Ботас: Тимот заврши одлична работа

87

Валтери Ботас од Мерцедес имаше ветувачки почеток на Австриското Гранд При откако заврши на второ место на првите две тренинг сесии. Единствен пборз од финецот беше неговиот колега Луис Хамилтон откако двајцата добија аеродинамички новини во пресрет на викендот по што “сребтените“ доминираа со тренинг сесиите.

Својата втора победа во кариерата Валтери ја постигна токму на Ред Бул Ринг лани, а овој пат прокоментира дека болидот го чувствува подобро од лани со одлична стабилност во задниот дел.

Добар почеток на викендот, ги пробавме новинтие денеска и првичното чувство е дека добро работат. Екптата направила одлична работа со овие подобрувања, секој вработен во екипата работеше напорно на нив.

Се што донесовме работеше онака како што се очекуваше особено задниот дел кој беше многу стабилен. Лани имавме силно трошење на задната лева гума што може повторно да биде проблем ако е топло во Недела така што е одлично што задниот дел е добар денеска. Како и да е, треба да поработиме на балансот за да извлечеме максимум од болидот.

Квалификациите на оваа патека се многу возбудливи. Нема многу кривини и поради тоа ви треба совршено минување низ сите со цел да дојдете до првиот ред – смета Ботас.


Ботас: Тимот заврши одлична работа

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>