Ботас: Со нов мотор ќе имавме пол позиција

186

Валтери Ботас за малку ја пропушти пол позицијата во Канада, со заостанување од само 0.093 секунди позади Себастијан Ветел од Ферари и верува дека го извадил максимумот од болидот, но доколку Мерцедес го вовеле новиот мотор од овој викенд, Ботас смета дека пол позицијата била возможна.

Мерцедес се одлучија да го одложат новиот мотор поради проблеми со квалитетот, додека главните ривали Ферари, Рено и Хонда ги донесоа своите нови спецификации. Хамилтон призна пред викендот дека може да имаат проблеми поради ситуацијата, а Ботас смета дека со новиот агрегат можеле да стигнат до пол позиција.

Очигледно бевме блиску со Ферари, секогаш е тешко кога сте толку блиску, а не сте напред. Но, стартувам од првиот ред, добро ќе биде во трката и среќен сум. Од новиот мотор ги имаме податоците, но тие се само теорија, сепак ќе имавме дополнителни перформанси и мислам дека битката за пол позиција ќе беше поблиска. Ќе биде подобро кога ќе го добиеме.

Мислам дека дадов се од себе и болидот. Знаев дека има простор да се подобрам, но во вториот летечки круг имав малку подуправување, не знам од кои причини.

Денес беше прв ден да ги користиме хиперсофт пневматиците и направивме значителен прогрес. Како и Ферари и ние ќе стартуваме со ултрасофт, така што ќе видиме како ќе се одвива трката – изјави Ботас.


Ботас: Со нов мотор ќе имавме пол позиција

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>