Ботас: Ред Бул се недостижни

206

Валтери Ботас смета дека Ред Бул се недостижни Монако откако Даниел Рикардо доминантно стигна до нова пол позиција во Монако. Ферари и Мерцедес цел викенд заостануваат во однос на РБ14 болидот.

Откако Макс Верстапен сам се елиминираше од квалификациите, Валтери Ботас стигна до 3от стартен ред и 5то место по крајот на сесијата.

добро е за нас што еден болид на Ред Бул е зад нас по квалификациите. Тоа е среќна околност затоа што тие се премногу брзи и не ни се во досег – смета финскиот возач.

Валтери се мачеше во текот на целите квалификации, а проблемитесо кои се судри ги образложи по крајот на сесијата.

Во ниту еден момент не се чувствував целосно убеден во болидот, но знаевме дека секогаш ќе биде тешко за нас овдека. Мислам дека сетирањето денеска е подобро одошто во Четврток и самото управување со болидот е многу подобро.

Главното ограничување е грипот, многу повеќе од балансот. Почувствував дека болидот се лизга по патеката, односно ни недостасува грип. Не сум го споредил кругот со оној на Луис, но мислам дека сум неколку десетинки побавен.

Последната сесија пред квалификациите исто така не беше добра, така што нетрпелив сум да бидам што ќе ни донесе утрешниот ден – заврши Ботас.


Ботас: Ред Бул се недостижни

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>