Ботас: Премногу кругови на медиум

259

Валтери Ботас признава дека фактот што не беше повикан во бокс по нови пневматици за време на Безбедносното возило можеби е грешка која го чинеше прво место на Британското Гранд При.

Финецот остана на патеката и го превзеде водството во Силверстон, но со постари пневматици и не успеа да се одбрани од нападите позади него. Возачот на Мерцедес немаше солидни перформанси, што можеби се должи на недоволно извозени кругови со медиум пневматиците.

Мислев дека има можност да се вози до крајот. Очигледно, во тренингот немав долги стинтови на медиум, но од нашите пресметки требаше да бидат ОК, но не беа.

По крајот лесно е да се каже дека требаше да влеземе во бокс. Барем да ја задржевме позицијата. Превзедовме ризик да бидеме први, но завршивме на 4то место, односно поради 5 кругови премногу на тие пневматици.

Навистина се обидував да останам напред. Морав да возам многу агресивно и дефинитивно тоа доведе до побрза деградација на пневматиците. Дадов се, но не беше доволно – изјави Ботас.


Ботас: Премногу кругови на медиум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>