Ботас: Никој не сака да победи повеќе од мене

144

Валтери Ботас е воодушевен од својата 5та пол позиција во кариерата и смета дека никој не е погладен од него за победа на Големата награда на Австрија. По првата серија кругови финецот беше прв, а го подобри своето време и во вториот обид потиснувајќи го својот колеган на второ место, а оставајќи ги Ферсари во вториот ред.

Кругот на Валтери од 1.03.130 е нов рекорд на патеката и е побрз за само 19 илјадити делови од секундата од најбрзото време на Хамилтон. Тој сеуште нема победа годинава иако имаше многу можности, особено Кина и Азербејџан каде водеше до последните кругови од трката.

Целиот викенд имаме одличен напредок во однос на сетапот. Имаме нови делови на болидот викендов и работиме на балансот со нив така што конечно болидот се чувствува одлично.

Последната серија знаев дека имам уште една десетинка која можам да ја подобрам од првата серија, успеав во тоа и стигнав до пол позиција.

Ми треба добар и чист старт, ништо посебно и нема потреба да бидам херој на првата кривина, а потоа ќе работам на победа до крајот.

Гарантирам дека сум повеќе гладен да стигнам до победа од било кој на гридот и одам на победа и ништо друго – изјави Ботас по трката.

Во моментов финецот е на 4то место кај возачите со 53 поени заостаток зд својот тимски колега, а последната победа ја имаше на ланското финале во Абу Даби.


Ботас: Никој не сака да победи повеќе од мене

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>