Ботас: Мораме да го решиме проблемот со гумите

273

Валтери Ботас е свесен дека Мерцедес имаат проблеми со прегревање на гумтие поради високата температура на асфалтот во Велика Британија. Финецот веќе го користи својот последен дозволен мотор за сезоната откако Мерцедес како мерка на претпазливост се решија да промена мотор на неговиот болид по австриските проблеми со хидрауликата.

Втората петочна сесија Валтери ја заврши на 3то место со 2 десетинки заостаток зад својот тимски колега, а уште толку зад Ферарито на Ветел.

Ние сме добри кога имаме соф компонента и чувството на патеката е добро иако имавме некои проблеми со прегревањето затоа што температурата беше над 50 степени. Ќе биде исто и во Сабота и Недела така што мораме да го решиме тој проблем. Како што и претходно видовме, тврдата гума е многу потешка, побавна, но многу подолго трае.

Засега викендот е во ред, но има многу висока температура, а трката е многу подолга од долгите петочни симуалции така што мораме да почекаме и да видиме дали ќе се појави некаков проблем на трка.

Ферари изгледа навистина конкурентно и секако дека ние ќе мора да најдеме дополнителни перформанси, но очигледно е дека ќе биде многу тесно – заврши Ботас.


Ботас: Мораме да го решиме проблемот со гумите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>