Ботас и Расел комплетираа тест на мокра патека

136

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас и резервниот пилот на тимот, Џорџ Расел, комплетираа дводневен за Пирели на влажната француска патека Пол Рикар, каде годинава се враќа Француското Гранд При.

Формула 2 возачот комплетираше 123 кругови на вештачки мократа патека во Вторник пред должноста да ја превземе Ботас кој во Среда успеа да мине 130 кругови. Двајцата ги тестираа гумите за целосно мокра патека на италијанскиот производител.

Согласно сегашните правила Пирели има дозвола да си организира приватни тестови во текот на 25 денови во текот на сезоната со сите 10 екипи кои имаат право да користат тековни болиди. Податоците кои на тој начин се прибрани се делат меѓу екипите така што никој нема предност од истите.

Во текот на овие тестови на екипите им е забрането да носат аеродинамички новини и да тестираат за себе.

Следниот тест на италијанците е во Валелунга со Торо Росо.


Ботас и Расел комплетираа тест на мокра патека

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>