Ботас добитник на Бандини трофејот

150

Валтери Ботас е овогодишен добитник на Лоренцо Бандини трофејот кој традиционално се доделува за значителни постигнувања. Финецот стана дел од групата која ја сочинуваат Себастијан Ветел, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон како Формула 1 возачи кои ја имаат добиено оваа награда.

По одличната дебитантска сезона во Мерцедес, финецот е пресреќн што освојува такво престижно признание.

Ова е голема чест. Ја видов листата на возачи кои ја освоиле наградата Бандини претходно и можам да потврдам дека на таа листа има навистина импресивни имиња. Само помислете колку титули и победи имаат заедно тие возачи.

Почестен сум што сум добитник на Бандини трофејот, имав одлични моменти лани и мило ми е што добивам признание поради тоа – кусо изјави Валтери.

Финецот стигна до својата прва победа во кариерата лани во Русија пред исто така да приумфира и во Австрија и на последната трка во Абу Даби.


Ботас добитник на Бандини трофејот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>