Ботас го прифати извинувањето на Ветел

372

Валтери Ботас откри дека го прифатил извинувањето на Себастијан Ветел за сударот од првиот круг на Француското Гранд При. Трката на возачот на Мерцедес беше уништена од преоптимистичкиот обид на Ветел да мине од внатрешниот дел уште на првата кривина. В09 болидот на Мерцедес заврши со дупната гума и оштетен под, а во бокс мораше и Ферарито проади оштетено предно крило.

Себ доби казна од 5 секунди за сударот, но и покрај тоа успеа да заврши на 5то место, две позиции пред Валтери.

Дојде кај мене по трката и ми се извини што е убава работа, но јас не можев да кажам ништо повеќе затоа што загубив многу поени, не по моја вина. Ми кажа ека е негова грешка и ја призна вината што е добро.

Јас знам дека сите можат да погрешат, тоа е тоа и нема ништо лично помеѓу мене и него. Тоа се случи, продолжуваме да се тркаме, продолжуваме понатаму.

Ако сум искрен ќе кажам дека само тој зборуваше, јас не кажав ништо. Се извини и јас немав што да додадам. Знаете, ние финците понекогаш комуницираме без зборување, тоа е посебна вештина која ја имаме – откри Ботас.

По Француското Гранд При, Валтери падна на 4то место по поредокот, зад Даниел Рикардо со заостаток од 53 поени во однос на Луис Хамилтон, кој води. Но, и покрај тоа, финецот не се откажува од титулата со оглед на тоа што има уште 13 трки до крајот, а пред една година победи во Австрија.

Никогаш не вели никогаш. Не се откажувам од титулата. Знам дека заостатокто е голем, но ништо не е невозможно во Формула 1, а не помиан ни половина од оваа сезона.


Ботас го прифати извинувањето на Ветел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>