Болидите ќе бидат 1,5 секунди побавни во 2019

416

Николас Томбазис, Главниот за технички работи од страна на ФИА задолжен за Формула 1 откри дека очекува болидите од следната генерација со аеродинамичките промени за повеќе претекнување да бидат 1,5 секунди побавни од овогодинешните. Месецов токму Томбазис откри дека ќе се воведат промени во предниот дел од болидот кој ќе биде поедноставен, со цел да се олесни следењето и претекнувањето помеѓу болидите.

Ова доаѓа како еден бид назадување на болидите затоа што оваа генерација болиди со сегашната аеродинамика која се вози втора година по ред, се побрзи 3-5 секунди од нивните претходници кои се возеа во 2016 година.

Очекуваме промената во правилото да одземе една половина до една третина од придобивките кои ги направивме од 2016 година во 2017 година. Мислам дека ќе бидат побавни за околу 1,5 секунди по круг. Тешко е да се предвиди колку брзо ќе се развијат и забрзаат следните болиди, но секако се очекува да загубиме на перформанси – појасни Томбазис.

Сепак, Николас е убеден дека промените ќе влијаат позитивно врз претекнувањето затоа што никоја екипа не пријавила некаков проблем кога соодветните податоци биле симулирани во софтверите на екипите.

Ги поканивме екипите да направат свои симулации со нашите податоци. Најголем дел од тимовите се одзваа на иницијативата и ние сме им многу благодарни на поддршката.

Јасно ни е дека сите екипи направиле различни работи и поради тоа крајните резултати се од многу мала корист со огромни придобивки. Сепак, не добивме некаков резултат кој покажува влошување.

Нашите очекувања беа дека доколку не го спроведевме ова сега, во 2019 и 2020 година претекнувањето ќе стануваше речиси невозможно, така што ова се должи на желбата да не се случи тоа – заклучи Томбазис.


Болидите ќе бидат 1,5 секунди побавни во 2019

2 коментари

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>