Берни смета дека Ф1 може и без доминацијата на Мерцедес

153

Берни Еклстон беше присутен во падокот на Ред Бул Ринг во Австрија минатиот викенд. Како и секогаш, почесниот претседател на спортот не пропушти да биде интересен за медиумите.

Досегашниот тек а сезоната го одбележа борбата помеѓу Себастијан Ветел на Ферари и Луис Хамилтон на Мерцедес во жестока и блиска борба, а Формула 1 супремото го поддржа германецот од Скудерија.

Посакувам титула да освои Себастијан со Ферари. Беше многу блиску до тоа лани и мислам дека заслужува. Дополнително, формула 1 може и без доминацијата на Мерцедес. Сеуште ги гледам сите трки, но сум многу порелаксиран во гледањето од порано.

Трките се добри, а сезонава е побозбудлива од ланската. Конечно Ферари го направија потребниот чекор кој толку долго сите го чекаа, а Ред Бул повторно машки се бори за врвот.

Фановите добиваат вистински шоу за своите пари, а тоа ми се допаѓа затоа што сакам Формула 1 да живее и да се развива – појасни човекот кој ја изгради денешната Формула 1.


Берни смета дека Ф1 може и без доминацијата на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>