Берни ги фали Ферари за Австрија

150

Берни Еклстон не пропушти да го пофали спортското однесување на Ферари откако Кими Раиконен не доби тимска наредба да го пропушти Себастијан Ветел кој е во борба за титула со Луис Хамилтон, кој не ја заврши истата трка по Ред Бул Ринг. По Големата награда на Австрија, која Себ ја заврши на 3то место, германецот и Ферари го превзедоа водството како кај конструкторите така и кај возачите.

Во историјата на Ферари многу често се случувало наметнување на тимски наредби и еден главен возач, особено во деновите кога со Скудерија “газеше“ Михаел Шумаер. Тоа што немаше тимски наредби од “црвените“ го импресионирало Еклстон.

Сите може да извлечат пример од спортското однесување на Ферари. Полесен начин ќе беше да дадат инструкција до Раиконен да го пропушти Ветел, но не го направија тоа. Со таквиот потег го задржаа на спортскиот дух, но и моралот на Кими на високо ниво.

Ферари конечно го направи чекорот кој јас толку долго го чекав. Себастијан навистина заслужува победа и се надевам дека Австрија и 3те поени помалку кои можеше да ги освои нема да го уништат неговиот сон – заврши господин Е.


Берни ги фали Ферари за Австрија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>