Астон Мартин загубиле интерес за Ф1

213

Новите правила за агрегатите од 2021 година изгледаа привлечно за Астон Мартин и нивното инволвирање во Формула 1 како снабдувач на мотори, но извршниот директор, Енди Палмер, сега вели дека Астон Мартин најверојатно нема да учествува во тркачката серија со свој мотор.

Според новите правила, развојот на агрегатите би требало да биде финансиски поисплатлив, а амерата е преку тоа да се привлечат нови производители во Формула 1, покрај веќе постоечките.

Астон Мартин беше една од компаниите кои имаа вистински интерес да се приклучат на Формула 1, но тоа најверојатно нема да биде случајот. Дури и со новите правила, цената за развој на соодветен агрегат едноставно би била превисока за Астон, објаснува Палмер.

Изгледа дека новите правила нема да бидат од наш интерес, за жал. Астон беше заинтересиран врз основа на контролирани трошоци, а таа формула би била дел од равенката која би ја вратила контролата во рацете на возачот.

Не гледам дека трошоците ќе бидат доволно намалени и повторно ќе има ситуација во која ќе се троши цело богатство за да се намали десетинка во времињата по круг – вели Палмер.

Тоа е нешто што релативно мала компанија како Астон Мартин едноставно не може да си го дозволи, поради што и нема да се приклучат во спортот.

Во Астон, го сакаме спортот, сакаме да бидеме инволвирани, но нема да учествуваме во борба за превласт. Непотребно скапо е и го уништува спортот, бидејќи секој кој ја има таа предност од десетинка, ќе победи.

Не велам дека дефинитивно нема да учествуваме се додека не го разгледам конечниот предлог, а моментално има делови кои не се доволно јасни. Но, доколку вратите се отворени за борба на трошење, тогаш нема да бидеме инволвирани – додаде Палмер.


Астон Мартин загубиле интерес за Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>