Аривабене: Ништо не ни одеше “од рака“

420

Маурицио Аривабене, шефот на Скудерија Ферари, е разочаран од Големата награда на Шпанија и работите кои тргнаа наопаку за тимот на патеката крај Барселона. Себ и Кими тргнаа од вториот ред и иако Ветел долго време се возеше на 2ро место, промени гуми за време на Виртуелното безбедносно возило по што падна на 4то место.

Раиконен исто така беше во конкуренција за подиум, но неговата трка заврши по само 25 кругови поради технички проблем со неговиот СФ71Х болид. што е втора незавршена трка за финецот сезонава.

На многу начини ова беше викенд во кој ништо не одеше како што треба. Сега, мирно и точно треба да ги анализираме причините за тоа, а постојат доста, кои не спречија да го демонстрираме потенцијалот на болидот слично на претходните трки.

По анализата ќе се подготвиме за престојната трка во Монако и порешени сме од било кога да стигнеме до најдобар резултат – гласи изјавата на Маурицио.


Аривабене: Ништо не ни одеше “од рака“

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>