Аривабене: Мора да останеме приземјени

282

Себастијан Ветел и Ферари имаа феноменални перформанси и доминираа на Канадското Гранд При, а воедно успехот ги врати “црвените“ на највисокото место на подиумот во Монтреал за прв пат по 2004 година, кога до победа стигна Михаел Шумахер.

За победата да биде послатка, ова беше воедно и 50та победа за Ветел на 40 годишницата од победата на Жил Вилнев на домашната патека. Аривабене беше секако среќен што неговиот возач повторно се врати на челната позиција.

Тимот беше тотално доминантен, заедно со Себастијан, бидејќи работевме од Петокот чекор по чекор, малку по малку, бевме фокусирани на тоа што треба да го постигнеме.

Себастијан е одличен возач и денеска тој возеше како чекан и ја пофали целата екипа за работата која ја завршија.

Оваа година борбата ќе биде голема, затоа што ците сме повеќе или помалку еден до друг. Ред Бул се многу силни, Мерцедес се многу силни. Ќе биде интересно првенство. Мора да останеме приземјени, главата надолу и да работиме – изјави Маурицио Аривабене.

По седум трки, Ветел води во првенството со само 1 поен пред Луис Хамилтон од Мерцедес, додека во конкуренција на тимови, Ферари е позади Мерцедес со 17 поени разлика.


Аривабене: Мора да останеме приземјени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>