Аривабене: Мерцедес треба да се засрамат за обвинувањата

1522

Кавгата помеѓу Мерцедес и Ферари по крајот на Големата награда на Британија ја продолжува и првиот човек на “црвените“, Маурицио Аривабене. Техничкиот шеф на Мерцедес и поранешен вработен во Маранело, Џејмс Алисон, во својата изјава го обвини Кими Раиконен дека намерно удрил во луис Хамилтон.

Лошиот старт на Хамилтон му загуби две позиции, а сударот со Кими се случи на 3та кривина кога Раиконен се прецени на сопирање и со предното лево тркало удри во задното десно на британецот, по што тој се изврте и продолжи како последен.

Возачот на Ферари доби казна од 10 секунди, а Хамилтон се избори за 2ро место на крајот од трката, но по завршувањето на истата беше бесен поради тоа што не стигна до својата 6та победа пред домашната публика и што прв пат по 2012 година “сребрените“ губат на трка.

Ако Тото и Џејмс навистина го рекоа тоа треба да се засрамат двајцата.

Џејмс работеше за Ферари неколку години. Мора да научат да бидат елегантни, во Англија сме и тие сакаат да не научат како да бидеме господа, но прво и самите треба да научат да бидат такви.

Неспособен кој? Кими Кој е тој да суди што прави возач во болидот и дали е способен или не е? Прифаќам се од Жак Вилнев затоа што тој беше возач и знае, но од Алисон НЕ – лут е Аривабене.


Аривабене: Мерцедес треба да се засрамат за обвинувањата

24 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>