Аривабене: Докажавме дека имаме конкурентен болид

381

Тимскиот шеф на , Маурицио Аривабене, смета дека резултатот од трката во Баку бил одреден од Безбедностното возило и поради тоа Себастијан Ветел не завршил на подиум иако поголемиот дел од трката беше под негова контрола.

Тој сепак е задоволен што нивниот болид се покажал конкурентен на улиците низ Баку. Ветел имаше предност од 11 секунди пред Луис Хамилтон кога по втор пат излезе безбедностното возило по сударот на двата болида на Ред Бул.

Таа ситуација ја искористи Валтери Ботас кој влезе во боксот и излезе пред Ветел.

Второто ферари на Кими Раиконен успеа да заврши на втората позиција иако претходно беше на шесто место.

Како што видовме во Саботата, нашиот болид е многу конкурентен и е добар на секоја патека. Ја контролиравме трката со Себастијан, но поради Безбедностните возила ја изгубивме предноста.

Кими се врати на второто место. Викендот беше долг и тимот беше силен и со нетрпение ја чекаме трката во Шпанија – изјави Арицабене.


Аривабене: Докажавме дека имаме конкурентен болид

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>