Алонсо: Мекларен се надева дека конкурентите ќе “кикснат“

179

По успешната премиерна трка на која победи во Ендјуранс серијата, Фернандо Алонсо оди накај Шпанија на својата домашна Формула 1 трка, надевајќи се на добра трка за Мекларен и стагнација кај конкуренцијата.

Потпомогнати од новите мотори од Рено, екипата од Вокинг имаше големи очекувања од сезонава, но на почетокот на сезоната не ги оправдуваат истите. Иако има слаба брзина на квалификациите, искуството го носеше до поени на изминатите 4 трки,

Ерик Булие, тимскиот шеф на Мекларен, најави дека Барселона ќе биде местото каде сите ќе го видат вистинскиот МЦЛ33 за прв пат, но во исто време сите во тимот се надеваат дека конкуренцијата нема да се подобри со исто темпо како и тие.

Доаѓа нов аеродинамички пакет во Барселона, но мислам дека 95% од падокот исто така носи нови пакети за трката. Можеби разликата ќе остане идентична, можеби ќе напредуваме во однос на останатите, но можеби и ќе назадуваме.

Ние сме на потег и треба да го сетираме пакетот да работи согласно нашите очекувања надевајќи се дека ќе дојдеме до посакуваните резултат – појасни Нандо.


Алонсо: Мекларен се надева дека конкурентите ќе “кикснат“

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>