76

Фернандо Алонсо се надева дека ќе биде во борба за К3 на квалификациите во Австрија, а на трка на која тимот на Мекларен има за цел се врати во правилна насока. Франција беше очаен викенд за двете страни откако ниту еден портокалов болид не ја заврши трката, а на квалификациите не можеа повеќе од К1.

Нандо се надева дека вториот дел од трите последователни трки ќе бидат промена на среќата на тимот иако не летаат во облаци со 10то место на Стофел Вандорн на втората тренинг сесија.

Мораме да почекаме затоа што во Франција бевме 8ми во Петок, а целосно неконкурентни понатаму така што се надеваме овој пат да се вратиме во К3 борба или пак блиску до тоа.

Ако не сме во К3 сегментот, тогаш ултрасофт гумата ќе биде гумата која ќе ја избегнуваме на трка. Личи дека едно застанување во бокс по нови гуми е едноставно овдека затоа што има големи разлики помеѓу гумите – анализира Фернандо.

Шпанецот ги заврши петочните сесии на 19то место поради тоа што не беше со целосно подготвен болид откако го оштети подот при едно непрецизно влегување во кривина.

Интензивен ден затоа што иамвме многу работи кои требаше да ги пробаме, особено аеродинамички. Ја комплетиравме програмата и останува само да ги анализираме податоците за да се осигураме дека ќе ги користиме најдобрите делови во остатокот од викендот и ќе најдеме дополнителни перформанси.

Дополнителната ДРС зона е добар чекор за нас, но ќе биде тешко да се приближиме до болид пред нас особено во средниот сектор. Новата зона треба да помогне да се збие поредокот и се надевам дека истата ќе донесе пвоеќе претекнувања на трката.

Во Петок очекувавме дожд, но не дојде. Мораме да сме сконцентрирани и пдоготвени да ја искористиме секоја можност која ќе ни се укаже затоа што времето тука знае да биде непредвидливо – смета Алонсо.


Алонсо цели да се врати во К3

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>