Алонсо среќен со новиот болид

374

Фернандо Алонсо е среќен и задоволен со квалификациските перформанси на својот нов болид откако доби многу новини и подобрувања на МЦЛ33 во пресрет на трката во Шпанија. Утрешната трка Нандо ќе ја започне од 8мо место, најдобра стартна позиција годинава.

Среќен сум и задоволен затоа што 8то место е дефинитивно добро. Бев 13ти на последните квалификации, така што ова е дефинитивно подобрување. Веројатно лоша страна на оваа позиција е заостатокот од првата шесторка, но тие се друга лига, иако сепак моеаме да ги бркаме и да се доближуваме од трка на трка.

Дефинитивно сум среќен од новит еделови, како што реков тие дефинитивно се напредок оваа трка и се што донесовме на патеката го оствари она што се очекуваше во однос на времето по круг. Новините се позитивни. Дефинитивно пакетот ме прави среќен и ќе повторам дека ова требаше да биде нашиот почетен болид за Австралија.

Доцнењето веројатно не стави во тешка позиција на првите неколку трки, но се спасивме со доста среќа и многу поени на контото – смета Алонсо.

И покрај тоа што долги години е дела од Формула 1, Алонсо не престанува да биде локален херој на домашната публика, нешто што само му ја подобрува мотивацијата.

Кога доаѓам овдека, секогаш се ми изгледа се поголеми и поголемо, луѓето се возбудени како и секоја друга година. Тие ресетираат се што ми се случувало на првите неколку трки затоа што секогаш очекуваат победа од вас. Среќен сум поради тоа, поради поддршката и се надевам дека утре ќе им подарам добар резултат.


Алонсо среќен со новиот болид

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>