Алонсо: Ф1 е премногу предвидлива

171

Фернандо Алонсо стигна до својата прва тркачка победа по пауза од пет години и тоа во ВЕЦ ендјуранс серијата, така што во моментов може да гледа своја иднина и надвор од Формула 1. Паралелно со своите Ф1 должности годинава, шпанецот се реши да се трка и во најсилната ЛМП1 ВЕЦ серија сезонава, победувајќи на првата трка од таа серија, 6 часа Спа.

Се обидувам да се тркам во две првенства во годинава и среќен сум со напредокот кој го правиме во Мекларен и насоката во која се движат работите. Сепак, првенството, особено Формула 1 календарот е истоштувачки.

Најголем проблем овдека е предвидливоста. Уште од сега може да се напише како ќе завршат квалиикациите во Сабота, како ќе се одвива трката во Монако и како ќе биде на Силверстон. Мора на тоа да се обрне внимание кога ќе се носат одлуки за иднината. Насоката во која се се движи е тажна за Формула 1 – смета Алонсо на денешната прес конференција во Барселона.

Тој смета дека победата на неговата прва трка во ендјуранс серијата нема никаква врска за ова што го изјавува во врска со Формула 1.

Победата минатата недела нема да промени ништо за мене затоа што тоа се две сосема различни тркачки серии и две различни света. Секогаш кога имам на располагање возило подготвено за да победи, јас одам на победа.

Јас секогаш имам мотивација затоа што сум конкурентен возач. Обожавам да се тркам, сакам да победувам. Извозев многу подобри трки изминатите пет години одошто претходно, иако пред тоа имав многу повеќе победи.

Веројатно никогаш повеќе нема да имам трка како во Баку, извозев феноменално, а сепак завршив само на 7мо место. Тешко е да се види однадвор, но јас сум навистина горд и мотивиран секогаш кога влегувам во болидот – заврши Алонсо.


Алонсо: Ф1 е премногу предвидлива

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>