Алонсо се надева да ги повтори перформансите од Австрија

54

Фернандо Алонсо признава дека Британското Гранд При ќе биде многу тешко за него, иако се надева да ги повтори перформансите кои ги имаше минатиот викенд во Австрија кога дојде до 8мо место.

Шпанецот почна од боксот на Ред Бул Ринг по прилагодувањата кои на МЦЛ33 беа правени под Парк Ферме правилата, но успеа со фантастично возење да стигне од поени. Нандо е свесен дека домашната трка за тимот може да биде многу тешка, но не губи надеж.

Успеавме да извадиме максимум од се што иамвме во Австрија и да донесеме дома поени. Сепак, Силверстон е мнгоу тешка патека и се надевам дека можеме да искористиме се што сме научиле до сега. Поддршката од локалните фанови секако дека ќе ни даде огромен дополнителен мотив.

Силверстон е една од најдобрите патеки во годината, предизвикот е многу возбудлив за возачот поради огромната историја која ја има насекаде и која ја прави оваа трка еден од најдобрите настани на календарот. Текот на кривините е еден од најдобрите на светот така што одлично е кога ќе ги минете сите како што треба, а уште поубаво е кога можете секој следен круг да притискате и да се тестирате – изајви Алонсо за шпански AS.


Алонсо се надева да ги повтори перформансите од Австрија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>