Алонсо неочекувано во поени

254

Фернандо Алонсо заврши на 8мо место на Австриското Гранд При откако трката ја почна од боксот поради прекршување на Парк Ферме правилата, а беше реален во својата изјава дека не очекувал поени.

Шпанецот беше единствен возач на Мекларен кој заврши во поени откако Стофел Вандорн се откажа од трката на неколку кругови пред крајот.

Дефинитивно сум среќен, многу среќен. Не очекувавме да бидеме во поени денеска, но оваа трка се разви како што посакувавме, особено со проблемот со гумите кои го имаат возачите пред мене по што превземавме неколку позиции во текот на неколку кругови – објасни Нандо.

Шпанецот оди кон Силверстон со 4 освоени поени од Спилберг, целосно посветен на последната трка од првите три врзани трки во Формула 1 историјата.

Среќен и задоволен со поените кои беа целосно неочекувани. Одиме на домашната трка во Силверстон и се надеваме дека можеме барем исто, но и подобро – заврши Алонсо.


Алонсо неочекувано во поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>