Алонсо: Недостатокот на брзина ќе ни штети

111

Фернандо Алонсо смета дека праволиниската брзина на Мекларен односно нивниот дефицит во истата ќе им штети на престојната трка во Канада.

Проблемите со менувачот ги уништија неговите шанси да заврши во поени и во Монако по што заврши серијата од трки на кои освојуваше поени во 2018 година. Монте Карло беше и втора патека по ред на која Нандо успеваше да го внесе својот Мекларен во К3.

Бевме во К3 на последните две трки и ќе биде убаво да го задржиме тој тренд и на трките кои следат со цел да дадеме потврда на напредокот кој го правиме. Мислам дека во Канада предизвикот ќе биде голем затоа што тоа е тешка патека со долги правци, а нашиот недостаток на праволиниска брзина може да биде многу видлив – објасни Алонсо.

Мекалрен во Канада ќе го има на располагање новиот мотор од Рено. Засега британците се на 6 поени од 4то место кое го држи Рено кај конструкторите, додека од Ред Бул заостануваат многу повеќе.

Следиме јасна насока за тимот во однос на тоа каде болидот трееба да се подобри. Мсилам дека минатите неколку недели направивме голем чекор напред, а сите во фабриката напорно работат за подобрувањата кои ќе следат – појасни другиот возач, Стоефел Вандорн.


Алонсо: Недостатокот на брзина ќе ни штети

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>