Алонсо: Најдобра форма досега во квалификациите

236

Фернандо Алонсо ги опиша квалификациите за Британското Гранд При како најдобри досега во 2018 година. Иако не беше негов најдобар пласман, шпанецот тврди дека побарувањата на потисна сила и моќ од патеката, кои не се во прилог на Мекларен, биле добро усогласени со можностите.

Тимот од Вокинг поминува низ турбуленции, особено по заминувањето на Ерик Булие во Средата, а на првата сесија по менаџерските промени, Алонсо имаше позитивно видување за своите перформанси.

Бевме далеку над лимитот. Мислам дека без сомнеж ова беа најдобрите квалификации досега во сезоната и најдобар викенд севкупно. Сите саботни сесии поминаа добро, бевме и конкурентни земајќи ги во предвид нашите можности. Среќен сум, се надевам на поени во трката – изјави Алонсо.

Тимскиот колега, Стофел Вандорн, не успеа да го помине првиот сегмент, заврши на предпоследно место од тие кои поставија времиња и ќе стартува од 17та позиција. Иако Алонсо е задоволен со своите перформанси, тој знае дека тимот има сеуште многу работа пред себе пред летната пауза.

Севкупно, среќен сум, но ги знаеме нашите ограничувања, а тоа е исто како и во Франција и Австрија, бидејќи болидот е истиот.

Се надевам во Хокенхајм ќе имаме некои подобрувања, исто како и во Унгарија по тоа – додаде Алонсо.


Алонсо: Најдобра форма досега во квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>