Алонсо: Мора да се подобриме на квалификациите

97

Признавајќи дека Мекларен се подобри со формата во трка наместо во еден круг, Фернандо Алонсо бара од својата екипа да се фокусира на кавлификациите за трките кои следуваат. 

Двократниот шампион имаше уште една солидна трка, стартувајќи од 13то место на гридот за пласман на осмата позиција на Британското Гранд При.

Алонсо и Мекларен беа едни од тие кои одлучија да влезат во бокс за време на Безбедносното Возило, при што шпанецот доби нов сет на софт пневматици. Беше десеттопласиран, но со агресивно возење, финишираше на 8 место.

Екстремно сум среќен, беше тежок ден на патеката, со две Безбедносни возила, што ги помешаа работите. Одлучивме да влеземе во бокс за софт пневматици и тоа беше добра предност, споредено со тие пред мене, кои беа на стари медиум и сини пневматици.

Успеавме да претекнеме неколку болиди и имав дуел со Кевин, што малку не забави во нашиот камбек. Старт од 13то место со пласман на 8мо е одлично за нас.

Како што реков по саботните сесии, наша најслаба точка во викендите се квалификациите, додека во Недела изгледаме во добра форма, еднакви со Рено, Хаас и Форс Индија.

Но се мачиме многу во Сабота и мора да се фокусираме на подобрување во таа област на наредните трки – изјави Алонсо.


Алонсо: Мора да се подобриме на квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>