Алонсо: Монако здодевно во споредба со Инди

132

Фернандо Алонсо изјави дека Големата награда на Монако е здодевна ако се спореди со легендарната Индианаполис 500. Шпанецот го пропушти ланското издание на трката низ кнежевството и за малку ќе победеше на Инди.

Трансферот во Мекларен се чини дека ја уништија негвовата шанса за трета Формула 1 титула по што негово внимание целосно се сврти кон освојување на тројната круна, односно триумф во Монако, Индианаполис 500 и 24 часа Ле Ман.

Мислам дека има време за се, пораснав во Европа и во Формула 1 окружувањето. Сонував за Формула 1 уште кога бев возач во картинг сериите, а дојдов во оваа серија со 19 години и се борев со Михаел Шумахер, за што сонував цел живот. Но, понекогаш да се искочи од овој свет и да се искуси други големи трки во други серии е многу корисно, а ако се навратам пред 12 мсеци, навистина уживав во тоа.

Дојдов во Монако и не ми недостасува Инди. Лани беше одлично искуство, минав два викенди таму. Лани во ова време ги имавме завршено квалификациите на 5то место со шанса за победа на трка, или барем еднаква шанса за победа со останатите 33 возачи.

Во Формула 1 доаѓате и немате ни шанси ни можност за победа, а прашање е и каква инспирација ќе имате во сабота за да го надминете дефицитот на болидот. Во Недела ќе се формира воз од коли, додека на Инди постои шанса за претекнување и победа се до последниот круг – објасни Алонсо.


Алонсо: Монако здодевно во споредба со Инди

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>