Алонсо: Можеме до поени

83

Фернандо Алонсо смета дека Мекларен може да освојат поени во Канада и покрај тоа што немаа брзина да стигнат до последниот квалификациски сегмент и да ја почнат трката од топ 10. Пред својата 300та Гранд При трка во кариерата, шпанецот призна дека се подготвува за тежок викенд поради фактот што карактеристиките на Жил Вилнев не одговараат на нивниот МЦЛ33 болид.

Алонсо и Вандорн најпрво едвај продолжија во К2 благодарение на своите последни кругови, но во вториот дел кој трае 15 минути беа на дното од поредокот зад Брендон Хартли и Шарл Леклер.

Знаевме дека овдека ќе имаме тежок викенд затоа што патеката е слична на некои патеки сезонава на кои навистина се маевме, со таков вид на кривини и долги правци кои не одговараат на нашиот пакет. Вчера почувствувавме дека болидот е конкурентен и добро се однесува така што мислевме дека можеме повеќе на квалификаиците. Тоа е тоа и мораме да почекаме да видиме што можеме утре.

Времињата се многу блиску едни до други, се работи за 1-2 десетинки и мислам дека можевме некоја позиција понапред, но поинаку е гледиштето кога се ќе заврши. Сепак смета дека на трка можеме да дојдеме до поени за да го поправиме впечатокот – смета Алонсо.

Во моментов британците се на 5то место во поредокот и заостануваат 6 поени зад фабричката екипа на Рено.


Алонсо: Можеме до поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>