Алонсо задоволен од квалификациите

177

Фернандо Алонсо откри дека е многу среќен со освоеното 7мо место на денешните квалификации, по сесијата од која Нандо многу не очекуваше. Шпанецот имаше проблеми со сопирачките во текот на првата сесија во Четвртокот, а и денешната утринска сесија не беше лесна за него. Но, промените на МЦЛ33 во пресрет на квалификациите се поакажле одлично.

До сега викендот е доста тежок и сложен за мене. Ја загубивме цела прва сесија проади проблеми со сопирачките, во моменти кога болидот се однесуваше многу чудно. Задниот дел како да беше одвоен од предниот, иамвме проблеми на бавните кривини, но и на брзите, така што имавме сложувалка за решавање.

Направивме многу промени на болидот и ги почнавме квалификациите коцкајќи се со однесувањето на болидот. Многу брзо увидовме дека болидот е целосно различен од претходно, подобар во секој дел и тоа ми даде самодоверба за да напаѓам. Седмо место е многу добро за сега – појасни Алонсо.

Како и сите пред него и Фернандо ќе ја почне трката на најмеката компонента, а менаџирањето на гумите и навременото застанување во бокс ќе бидат клучни во 78те кругови низ улиците на кнежевството.

Прашањето кое сите се прашуваат е колку долго ќе издржат хиперсофт гумите и колку “беља“ може да направат. Секако дека нема да се претекнуваме, но колку долго да се остане на нив секогаш е ризик.

Ако некој застане пред вас и ве мине преку бокс, ќе биде тешко да се врати позицијата. Ако застанете рано и потоа возите 65 кругови со истите гуми исто така е ризик.


Алонсо задоволен од квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>