Алонсо: Друг на мое место немаше да заврши

316

Како резултат на контактот со Сергеј Сироткин во првиот круг во Баку, Фернандо Алонсо доби две дупнати гуми, но одби да се предаде и возеше цел круг за да промени гуми и да продолжи да се трка. Ова се исплатеше за шпанецот затоа што финишираше на 7мо место и повторно донесе поени за екипата.

Лудило. Уште едно 7мо место кое сметам дека беше резултат на упорноста и гордоста затоа што мислам дека никој друг немаше да стигне до боксот како прво. Било кој друг би го паркирал болидот или пак кога би стигнал до боксот, тие би му рекле да го паркира болидот.

Ние не се паркиравме и не го повлековме болидот и се боревме за секоја десетинка, секој круг, блиску до ѕидовите во текот на целата трка. Мислам дека ова беше една од моите најдобри трки во животот. Чудо беше како само стигнав до гаражата, немав две гуми, предното крило беше оштетено, исто како и подот.

Ги променија гумите и ми кажаа дека болидот е многу оштетен и дека сметаат оти нема да ја завршам трката или дека ќе бидам пребавен. Но, почнав да претекнувам болиди и потоа со помош на Безбедносното возило добив неколку позиции – објасни Нандо.

Сепак, шпанецот призна дека на патот кон гаражите и тој помислил дека неговата тркае готова.

Ми јавија дека имам значајно оштетување, а кога го велат тоа обично е многу лошо затоа што ако е добро обично велат оштетен дел нема да е проблем. Кога ми рекоа значајно оштетување се плашев од најлошото.


Алонсо: Друг на мое место немаше да заврши

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>