Алонсо го слави своето 300то Гранд При

79

Фернандо Алонсо ќе ја прослави својата 300 Гранд При трка на овогодинешното Канадско Гранд При во Монтреал, но и самиот знае дека патеката Жил Вилнев може да биде тежок предизвик за тимот на Мекларен.

Серијата од освојување на поени дојде до крај за Алонсо на трката во Монако, откако тој мораше да се откаже. Сега, Алонсо ќе се обиде да освои повторно поени на тешката трка во Монтреал.

По разочарувачка трка во Монако, одвај чекам на Канада. Тоа е одлична патека и вистински тест за возачот и болидот. Многумина врвни возачи имаат “завршено“ во Ѕидот на Шампиони-те, а Безбедносното Возило често игра водечка улога во конечниот резултат.

Секогаш сум уживал да се тркам во Монтреал. Тоа комбинација од одлична патека, тешки карактеристики, но и возбудлив град за посета. Сум имал возбудливи трки во Канада и победив таму во 2008 година, така што за мене има посебно значење. Повеќе од било кога викендов, кога ја прославувам мојата 300та трка.

Ова дефинитивно ќе биде тешка трка за нас, но имаме развој со нашиот пакет од трка до трка. Малку драма и променливи временски услови кои сме ги виделе и порано во Канада би можеле да ни обезбедат неколку можности. Ние ќе мора да ги искористиме – изјави Алонсо.


Алонсо го слави своето 300то Гранд При

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>