Алонсо го интересира само Ле Ман

159

Откако не ја заврши трката во Канада поради проблеми со издувот во 42от круг, Фернандо Алонсо сака да зборува само за Ле Ман и неговите можности таму. Двократниот шампион оваа сезона се натпреварува во две серии и тоа Формула 1 со Мекларен и Тојота во ВЕЦ.

Иако тој сеуште не се израдувал во Формула 1, во ВЕЦ победи на 6 часа Спа, првата трка во сезоната. Поради тоа, не е ни чудно што тој би сакал да зборува само за 24 часа Ле Ман, а не за уште едно незавршување на трка во Формула 1. На прашање од Скај Спортс за неговото предвремено завршување на трката тој кратко одговори:

Ле Ман. Вечерва летам за Ле Ман, и од утре ме чека ново искуство и се надевам добра трка за нас. Водиме во ВЕЦ шампионатот по трката во Спа и се фокурирам на тоа по откажувањето денеска – прокоментира Нандо.

Новото откажување на Алонсо повторно ги разгоре шпекулациите за тоа дали оваа сезона е последна за него во Формула 1. Шпанецот не кажа дали ќе се трка наредната година но секако би сакал поконкурентен Мекларен.

Ќе видиме, јас се надевам. Дефинитивно ни се потребни перформанси и издржливост за да бидеме конкурентни. На почетокот на годината освојувавме поени, а сега се откажуваме од 7та позиција во Монако, а денеска од 10та позиција. Има место за подобрување и ќе поработиме на тоа.


Алонсо го интересира само Ле Ман

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>