Алонсо го зема новото МГУ-К на Рено, ќе стартува од бокс

153

Како викендот на Спилберг за Фернандо Алонсо да не беше доволно тежок, нови проблеми за шпанецот пред почетокот на трката. Нандо ќе стартува од боксот по промени и нови делови на неговиот МЦЛ33 болид.

Техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, потврди дека Мекларен ги прекршиле Парк Ферме правилата и процедурите, опремувајќи го болидот на Алонсо со ново предно крило. Поради тоа, британците се решиле да го промена и МГУ-К кинетичкиот дел од Системот за повраток на енергијата, што ќе биде трети за Фернандо годинава, што значи казна во пресрет на стартот.

Деловите беа променети со одобрување од страна на Техничкиот делегат на ФИА по писмено барање од тимот, како што наведуваат правилата.

Но, променетите делови се различни од оние кои оригинално се користат, така што болидот број 14 треба да ја почне трката од боксот солласно правилата – официјално објасни Бауер.


Алонсо го зема новото МГУ-К на Рено, ќе стартува од бокс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>