Аеродинамички промени за подобро претекнување од 2019

231

Формула 1 и Светскиот моторспорт совет на ФИА ги изгласаа промените на аеродинамиката на болидите од следната година со цел да се подобри претекнувањето во текот на трките. Првичниот предлог беше презентиран на екипите за време на тркачкиот викенд во Бахреин минатиот месец, но истиот беше одбиен.

Промените од следната година ќе бидат во вид на многу поедноставно предно лрило со поголем опсег и потенција, поедноставни вшмукувачи за предните сопирачки без никакви крилца како и пошироко и подлабоко задно крило кој ќе го зголеми местото за ДРС и поради тоа користење на системот на ќе биде подраматично.

Овие промени произлегоа од тимот предводен од Техничкиот шеф на тркачката серија, Пат Симондс, кој ги зема во предвид барањата и податоците од екипите и ја дополни работата претходно сработена од Рос Браун и неговата екипа, а во врска со правилата од 2021 година.

Идејата кај променетото предно крило е да се минимизира воздухот кој минува под крилото и околу предните гуми затоа што со денешните предни крила, воздухот кој минува преку нив ја “вознемирува“ аеродинамиката на целиот болид. Со денешните крила болидо кој следи добива воздух кој не може аеродинамички да се искориси и поради тоа следењето е отежнато, по појавува подуравување, повисоко ниво на деградација на гумите поради што претекнувањето изостанува.

ФИА навести и дополнителни промени пред 2021 година со цел да се подобри претекнувањето.

Ова е успех за Формула 1 и за Асоцијацијата на ГП возачи кои лобираа за движенење во овој правец одамна. Благодарам Рос Браун што слушаш и ја движиш работата – изјави Алекс Вурц, Претседателот на Асоцијацијата на ГП возачи.


Аеродинамички промени за подобро претекнување од 2019

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>