Австрија, Т3: Ветел покажа брзина во пресрет на квалификациите

899

Себастијан Ветел беше најбрз на последната тренинг сесија во пресрет на квалификациите поставувајќи време побрзо за 3 стотинки од постигнувањето на Луис Хамилтон, додека Валтери Ботас со својот Мерцедес имаше 3то време со дополнителна десетинка зад Луис.

Следуваше Кими Раиконен со точно 4 десетинки побавно време од Себастијан, а 5то и 6то време поставија возачите на Ред Бул, а Макс Верстапен беше точно десетинка побрз од Рикардо. Седмо и осмо време за болидите на Хаас и со нив завршија оние кои се во иста секунда со Ветел, а Гросжан овој пат беше побрз од Магнусен за десетинка.

Сироткин и Строл од Вилијамс вообичаено најбавни со 2 секунди зад времето кое го постави Ферари.

Маркус Ериксон со својто Заубер комплетираше најмногу, дури 27 кругови, додека Макс Верстапен имаше двојно помалку, одосно само 14 обиколки.

Холанѓанецот од Ред Бул имаше проблеми кон средина на сесијата кога неговиот мотор целосно изгасна, се претпоставува поради проблем со електрониката. Во последната минута проблем имаше и Шарл Леклер кој се појави на патеката за да вежба старт, но остана заглавен во 5та брзин, веројатно проблемот е во менувачот. Сесијата изобилуваше со возачи кои проади високите тротоари мораа преку песокот крај патеката да се враќаат на асфалт.


Австрија, Т3: Ветел покажа брзина во пресрет на квалификациите

17 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>