Австрија, квалификации: Петта пол позиција за Ботас

628

Валтери Ботас стигна до својата 5та пол позиција и негова втора во Австрија, носејќи ја на Мерцедес нивната 92ра пол позиција. До него трката ќе ја почне Луис Хамилтон, додека Ветел и Раиконен од вториот ред ќе чекаат шанса поради помеките гуми на стартот.

По првите 18 минути, Мерцедес на чело пред Кими Раиконен, првите 6 болиди во 25 стотинки, а првите 13 во една секунда.

К1 беше крај за Стофел Вандорн на Мекларен, Серхио Перез на Форс Индија, Сергеј Сироткин на вилијамс, Брендон Хартли на Торо Росо и Маркус Ериксон на Заубер. Стофел за само 7 илјадитинки зад Строл кој продолжи во К2, Серхио Перез поради жолтото знаме на крај не успеа да постави подобро време за разлика од неговиот колега кој како 14ти напредуваше во следниот сегмент. Маркус Ериксон беше последен со дури 6 десетинки побавно време од својот колега Шарл Леклер кој имаше 12то време.

Во вториот сегмент од 15 минути најбрз беше Себастијан Ветел, возачите на Ферари своите најбрзи кругови ги комплетираа на ултрасофт и со тие гуми ќе стартуваат утре, додека Мерцедес и Ред Бул ќе почнат со потврдиот црвен суперсофт. Во последниот квалификациски сегмент поминаа само возачите на Мерцедес, Ферари, Ред Бул, Хаас и Рено.

К2 значеше крај за Естебан Окон кој како 11ти задоцни зад 10от Хулкенберг за околу 2 десетинки. Три стотинки зад окон беше Пјер Гасли од Торо Росо, а десетинка зад него беше Шарл Леклер, кој сепак ќе стартува од 18то место поради казната за нов менувач. Фернандо Алонсо ги финишираше квалификациите на 14та позиција две десетинки пред Ленс Строл кој беше последен во К2.

Последните 12 минути на патеката први се појавија возачите на Ред Бул, а веднаш потоа и Ферари, потоа Мерцедес. По првата серија летечки кругови, Ботас прв пред Хамилтон, следуваше Кими Раиконен, потоа двата болиди на Ред Бул, Ветел само 6ти. Кими имаше и втор обид, подобрувајќи го своето време, пласирајќи се на второ место. Фантастичен круг за 4то место имаше Роман Гросжан.

Втората серија летечки кругови сите ги подобрија своите времиња, така што на крајот прв ред комплетно сребрен, а втор ред комплетно црвен. Следуваше Верстапен кој ќе стартува рамо до рамо со одличниот денеска Роман Гросжан. Седмиот стартен ред за Даниел Рикардо и вториот Хаас возен од Кевин Магнусен. Последни во К3 возачите на Рено.


Австрија, квалификации: Петта пол позиција за Ботас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>