Австралија ја отвара сезоната порано

211

Формула 1 сезоната наредната година ќе започне една недела порано, откако Австралиското Гранд При потврди датум во средина на Март.

Откако во претходните две години трката во Мелбурн се одржува во претпоследниот викенд од Март, организаторите потврдија датум помеѓу 14 и 17 Март, кој треба да се потврди од страна на Светскиот Мотор Спорт Совет на ФИА.

Тој викенд ќе дозволи повеќе време за трката поради сите останати настани во Мелбурн, како Мумба Фестивалот и почетокот на австралиската фудбалска лига. Првото коло се претпоставува дека е главниот мотиватор за промена на датумот. Во претходните две години, тоа се одржуваше на ист датум како и Формула 1.

Но, во исто време тоа прави проблем со Светското Првенство на Издржливост на ФИА со трката во Себринг, што ќе предизвика главоболка кај Фернандо Алонсо, доколку тој одлучи да остане во Формула 1 и во 2019 година.

Според извршниот директор на Australian Grand Prix Corporation, Ендру Вестакот, порано потврдениот датум би требало да привлече повеќе странски Формула 1 фанови во Мелбурн.

Да го објавиме датумот на Австралиското Гранд При за 2019 година повеќе од 8 месеци порано се фантастични вести и се надевам дека ќе ги охрабри странските фанови да ја планираат својата посета на Мелбурн.

Навистина сме горди на спектаклот кој се случува во Монтреал во текот на тркачкиот викенд и чест да го означиме почетокот на едно од најпрестижните првенства во светот.

Почетокот на Формула 1 сезоната, нашата суперзвезда, Даниел Рикардо, трка во Суперкар првенството и толку многу активности надвор од патеката – настанот мора да се посети во 2019 година – изјави Вестакот.


Австралија ја отвара сезоната порано

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>