Абитебул: Трката ги откри нашите слабости

83

Сирил Абитебул смета дека Рено имаше мешан викенд во Монако иако Нико Хулкенберг и Карлос Саинз двајцата завршија во поени. Германецот заврши на 8мо место, додека Саинз донесе дополнителен поен, но заврши одлична работа не задржувајќи го зад себе колегата и пропуштајќи го во моменти кога очигледно беше побрз.

Франускиот шеф смета дека Монако ги открило сите слабости на нивниот болид кои ќе се обидат да ги решат пред следната трка во Канада.

Имавме мешан викед иако крајниот резултат е добро затоа што двата болиди завршија во поени и се зацврстивме на 4то место во шампионатот, но трката ги откри нашите слабости.

Карлос извади максимум од стратегијата, но имаше поголема деградација од очекуваното на ултрасофт. Мораме да му се заблагодариме што го пропушти Нико и му помогна на тимот да дојде до подобар резултат.

Првите гуми на Нико се вратија во живот подоцна и можевме да ја спроведеме планираната стратија со него и да дојдеме до 8мо место на крајот од трката – појасни Абитебул.

Лани “жолтите“ не освоија поен на истата трка, а годинава имаат дури 5 така шт оподобрувањето е јасно, иако не се конкурентни како на други викенди од годината.

Иако е јасно дека имаме многу подобар резултат од лани, не сме конкурентни како минатите трки и треба уште да работиме на менаџирањето на гумите и нивното разбирање затоа што во моментов е подобро да почнеме од 11то место со слободен избор на гуми одошто да стартуваме од топ 10 со квалификациските пневматици.

Јасно е дека некои екипи пред нас успејаа да најдат подобро решение, така што тоа е можно и мораме да работиме во рпесрет на Монтреал – појасни тој.


Абитебул: Трката ги откри нашите слабости

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>