Абитебул: Разделбата од Ред Бул може да биде добра

101

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, верува дека разделбата од Ред Бул жќе им дозволи на французите повеќе да се фокусираат на себе одошто на ексцентричните желби на екипата од Милтон Кинс.

По 14 години соработка и вкупно осум титули, Ред Бул и Рено од следната година нема да бидат партнери за што допринесоа само 11те победи од почетокот на турбо хибридната ера. Сирил откри дека соработката со Ред Бул ги натерала на многу компромиси со цел да се угоди на “биковите“, а многу помалку е мислено на самата фабричка екипа.

Знаеме да работиме заедно многу добро и процесите кои ги поставивме како и комуникациските линии се многу здрави. Од друга страна, Ред Бул се многу голема екипа која бара многу и има многу високи очекувања – открива Абитебул.

Милтон Кинс од следната година ќе добива јапонски мотори од Хонда откако агрегатите годинава ги користат во Торо Росо. Рено од своја страна имаат позитивен старт со фабричката екипа и во иднина треба да се смета сериозно на нив.

Понекогаш е потребен дополнителен напор од нашите момци со компромисите помеѓу нивните барања и нашиот приоритет кој е секако желбите на Енстон особено во однос на интеграцијата на моторот и шасијата.

Често трошиме доста време и енергија за менаџирање на нивните желби, кои понекогаш се ексцентрични. Тоа ќе ни дозволи да се фокусираме и тоа ќе го промениме – заврши Сирил.


Абитебул: Разделбата од Ред Бул може да биде добра

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>